Фудбал

Хамес Родригез се враќа во Шпанија

Хамес Родригез се враќа во Шпанија

Хамес Родригез повеќе нема да игра за бразилски Сао Паоло откако фудбалерот го раскина договорот со бразилскиот клуб и ќе се врати во Европа.

„Глобо Ешпорте“ пренесува дека претставници на 33-годишниот играч од средниот ред се договориле со раководството на клубот за раскин на договорот кој беше со важност до летото 2025 година.

По фантастичните настапи на Копа Америка, Хамес веќе доби неколку понуди за враќање во Шпанија, каде сигурно ќе биде следната дестинација на овој фудбалер.

To top