Претседатателот на Република Србија Александар Вучиќ ги испрати спортистите од неговата земја на Олимписки игри во Париз и им вети премија од по 200.000 евра за секој освоен златен медал.
„За златен медал ќе следи награда од 200.000 евра. Само неколку земји се пред нашата. Се надеваме дека ќе освоиме најмногу медали досега“, кажа Вучиќ.
Србија ќе настапи со 107 спортисти на натпреварувањето во Париз.