Некогашниот фудбалер и фудбалска легенда Предраг Мијатовиќ изјави дека време е Лука Модриќ да ги остави копачките на клин и да се повлече од фудбалот.
–Годинава имаше понуди и од други клубови, но остана. Ментално се подготви да не биде повеќе неприкосновен играч во првата постава. Прифаќањето на тоа ќе ги смири него и тренерот Карло Анчелоти. Мислам дека ја разбра ситуацијата во декември и оттогаш се обидува да му помогне на тимот на кој било начин. Не знам дали ќе игра на следниот mундијал во 2026 година, никогаш не се знае со Лука, но мислам дека е време тој да се повлече. Ако е можно во Реал Мадрид, уште подобро, -изјави Мијатовиќ за „Кадена СЕР“