Селекторите на македонската и на англиската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски и Герет Саутегејт, предмалку ги објавија официјалните состави за натпреварот кој почнува во 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“.
Милевски се одлучи за следните 11-мина: Димитриевски, Муслиу, Серафимов, Манев, Алиоски, Алими, Атанасов, Барди, Димовски, Елмас и Миовски.
Гостите од Англија ќе истрчаат во следниот состав: Пикфорд, Вокер, Мегваер, Гуехи, Луис, Александер-Арнолд, Рајс, Сака, Фоден, Грилиш и Воткинс.
Натпреварот е од последното коло во квалификациите за Европското првенство Ц-група и нема резултатско значење. (МИА)