Живот и Стил мпц

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители

Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од с ? што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде што кончанието им беше во маки за Христа. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја тепаа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но с ? им беше залудно. Додека Света Недела лежеше во рани во затворот, ? се јави Господ Христос и ја исцели и ? рече: „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“. Христовата благодат навистина ја спаси оваа маченичка и од оган и од ѕверови, со што нејзините судии мислеа со сигурност да ја умртват. Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани. Света Недела му рече на Аполониј: „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е Пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на Чесниот Предвесник. За мене живот е да умрам за Христа.“ Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со душите на нејзините родители. Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти мечот врз нејзината Света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното Царство во 289 година, во Никомидија.

Тропар
Овцата Твоја, Исусе, Недела, повикува со силен глас: Тебе, Младоженецу мој, Те љубам и, Тебе барајќи Те, се подвизувам, и со Тебе се распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и да царувам; и умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.

Кондак
Светата Христова маченица денес н? собра да ги прославиме нејзините славни подвизи, и нејзиното божествено страдање; со нејзината доблесна душа таа, всушност, се покажа сообразна со нејзиното име – господарка на својот дух и на своите страсти.

Преподобен Тома Малеин

Најпрво беше војвода, прочуен по богатсвото и по храброста. Во телото беше многу крупен и им задаваше страв на своите непријатели. Но кога Го засака Христа повеќе од светот и с ? што е во светот, остави с ? и се повлече во пустина, се замонаши и се предаде на подвиг. Му се јави Св. пророк Илија и го одведе на гората наречена Малеа, до Света Гора. Овде тој живееше сам со Бога во деноноќна молитва. Иако се криеше од светот, не можеше да се докрие. Кога дознаа за светоста на неговиот живот, луѓето почнаа да доаѓаат кај него и да му ги носат своите болни. И Свети Тома ги лечеше од секоја болест и неволја. А кога се престави кај Бога (во 10 век), неговите мошти продолжија да им помагаат на сите коишто со вера им притекнуваа.

Тропар
Ревноста твоја по Бога, Спасителот ја награди со столб огнен, и патеводител во лицето на Илија свет, а ти, о Томо оче преподобен, колена не подигна, непрестајно разгорувајќи молитва огнена, од која силата Господова од секоја напаст избавуваше, и сечија болест исцелуваше. Моли се за нас сега и во веки, војнику Христов непоколеблив.

Преподобните маченици Епиктет и Астион

Астион, единец на неговите родители, кон верата Христова го приклони свештеникот Епиктет и го замонаши. Потоа се отселија некаде во источните краеви во скитски предели и се населија во скитскиот град Алмирид (денешен Рамзин), кај утоката на Дунав во Црното Море. Мачени и убиени со меч заради верата Христова околу 290 година. Обајцата по смртта во голема светлина им се јавија на Астионовите родители, Александар и Маркелина, кои поверуваа во Христа и се крстија од епископот Евангел, којшто и самиот потоа беше убиен за Христа. „Евангел, сличен на ангел“, како што е воспеан.

Тропар
Радост наша сте, свети Христови маченици, Епиктете и Астионе, од чии имиња залиени со благодат, треперат демоните. Имајќи Го Христа на усните, Господ стана господар на срцата ваши, од кои молитви за спасение кон небесата се подигнати. Молете се за нас, свети подвижници, до крај да истрпиме од Неговата благодат закрилени.

Поврзани теми

To top