Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека убиецот на полицаецот од Лозница е ликвидиран.
МВР на Србија претходно денеска соопшти дека интензивно трага по Фатон Хајризи, кој е осомничен за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ и ранувањето на полицаецот Вјекослав Илиќ во Липнички Шор.
Дачиќ вчера изјави дека најверојатно се работи за терористички напад, а досега се уапсени три лица.