Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? Праша од партиската говорница пратеникот Миле Лефков.
Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски. Филипче е тој што ги премолче тендерите од ќерката Пановска кон таткото. Милионите одлеани од Хематологија на сметка на Др. Пановски. Др. Пановски е веледрогеријата која вршела поголем дел од набавките и за клиниката за Онкологија, каде видовме како биле крадени болните од рак за профит на неколкумина. Филипче не само што не ги раскина врските на непотизам и фармацевската мафија со здравствениот систем, туку и ги зајакна, истакна Лефков.
Филипче бега од одговори за сите катастрофи во здравството изминативе 7 години, зошто во сите директно или индиректно е вмешан лично тој, додава Лефков.