Пејачката Катарина Живковиќ ужива во секој момент од бременоста, а тоа неодамна го покажа и на својата страница на Инстаграм.
Таа ги воодушеви своите следбеници со фотографија на која позира со стомакот и плишано мече покрај неа. Во описот на фотографијата напишала: „Ми го насмевнуваш срцето“, што наиде на голем број позитивни коментари и честитки.
Иако е бремена во деветтиот месец, Катарина не престанува да изненадува со својот стил и самодоверба. Објави фотографија во костим за капење со тигрест принт и длабоко деколте, на која го покажува трудничкиот стомак.
Пејачката покажа дека се чувствува моќно и привлечно за време на бременоста.
Својата благословена состојба Катарина ја криеше од јавноста до петтиот месец од бременоста. Откако објави дека е бремена, таа реши да се повлече од јавноста и да се посвети на новата улога која ја очекува наскоро.