Невреме го зафати попладнево Скопје, кое беше проследено со дожд и силен ветер. Во општините Аеродром и Гази Баба снема струја и дел од семафорите не работеа.
Во одредени делови на Скопје дел од улиците беа поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места имаше застој во сообраќајот.
Од Електродистрибуција велат дека два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија. ЕВН и МЕПСО работат на случајот.
Сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје, а засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
По невремето, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.
ФОТО-КУРИР