Свет

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили

Во земјите на Европската унија во јуни се регистрирани 1.089.925 нови автомобили, што е за 4,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

На повеќето големи европски пазари е забележан раст на продажбата на годишно ниво, во Италија за 15,1 отсто, Германија за 6,1 отсто, Шпанија за 2,2 отсто, додека во Франција бројот на регистрации на нови автомобили е намален за 4,8 отсто.

Во јуни, најголем број нови регистрирани возила се на бензин – 34,4 отсто, потоа хибрид-електрични возила 29,5 отсто, електрични возила на батерии 14,4 отсто и автомобили на дизел 12,7 отсто.

Најнови вести од Свет

To top