Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Праша на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.
Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени? Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози? Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8? Филипче да каже како неговиот семеен имот се зголемил во милионски износ во време додека тој е на функција или непосредно после тоа. Дали милионските тендери во здравството играле улога во зголемувањето на имотот на Филипче? ДКСК да го истражи имотот на Филипче, истакна Лефков.
Одговорност мора да има, порача Лефков.