Останати спортови олимпијада

СÈ Е ПОДГОТВЕНО ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ СПЕКТАКЛ Отворено Олимписко село во Париз

Во Париз денеска свечено е отворено Олимпиското село за претстојната Олимпијада, каде ќе престојуваат спортистите и придружниот персонал.

Олимпиското село се протега на површина од 54 хектари, се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал.

По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.
До почетокот на Олимписките игри во Париз остануваат уште 8 дена. Свеченото отворање на Олимпијадата е закажано за 26 јули во 19 часот и 30 минути. Игрите ќе траат до 11 август.

По завршувањето на Олимписките игри следуваат Параолимписките игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.

To top