Ракомет

Недановски: Амбициите се исти – двојна круна во првенството и да ја минеме групата во Европа

Недановски: Амбициите се исти – двојна круна во првенството и да ја минеме групата во Европа

Ракометарите на Вардар 1961 ги стартуваа подготовките за новата сезона во која ќе се борат за трофејот во Суперлигата, но и ќе настапат во групната фаза на Европската лига на ЕХФ. Првиот тренинг се одржа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје каде ќе се тренира една недела.

Очекувањата пред стартот на новата сезона и амбициите зборуваше тренерот на скопскиот клуб Владо Недановски.

„Амбициите остануваат исти, освојување на првенството и Купот, но и добри настапи во Европската лига. Конечно Вардар се врати во Европа, тоа е најважно. Имаме зацртани цели, сакаме да ја минеме групата и да стигнеме до осумте најдобри, а за понатаму ќе видиме.

Играчите се тука, го нема само Петриќ поради приватни работи и ќе се приклучи на тимот набргу. Чекаме само уште голман, преговараме со неколку имиња и во следните денови се очекува да пристигне и чувар на мрежата. Засега овој ростер е доволно добро засилен. Ќе видиме како ќе се одвиваат подготовките, а се надеваме во текот на сезоната нема да имаме потреба за засилувања“ изјави Недановски.

To top