Македонија

Поради пожарот кај Евзони, возилата се пренасочуваат на ГП Дојран

Поради пожарот кај Евзони, возилата се пренасочуваат на ГП Дојран

Поради пожар на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран, информираат денеска од АМСМ.

Претходно МВР ги извести граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во прекин е сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

Според извори на МИА од Гевгелија, пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.

Дописничката на МИА од Атина јави дека шумски пожар избувнал во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, оти преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.

Најнови вести од Македонија

To top