Фудбал

Талентиран Французин доаѓа на „Олд Трафорд“, по него Де Лихт

Талентиран Французин доаѓа на „Олд Трафорд“, по него Де Лихт

Манчестер Јунајтед ја доби битката за потписот на еден од најголемите таленти на францускиот фудбал, Лени Јоро, објавија англиските медиуми.

Осумнаесетгодишникот важи за еден од најдобрите и перспективни млади стопери, а за неговите услуги „црените ѓаволи“ ќе издвојат вкупно 62 милиони евра со тоа што 50 милиони евра веднаш ќе легнат на сметката на Лил, а преостнатите 12 милиони евра ќе бидат активирани низ разни бонуси.

Се очекува тој да биде стартер во првиот тим на Ерик тен Хаг крај уште Матијс де Лихт, кој во следните денови би требало да го комплетира трансферот од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед.

 

To top