Македонија

Температурата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 25,5

Температурата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 25,5

Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови.

Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени.

Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден.

Најнови вести од Македонија

To top