Фудбал

Фудбалскиот сојуз на Гибралтар ќе поднесе официјална жалба до УЕФА по прославата на шпанската репрезентација.

Фудбалскиот сојуз на Гибралтар ќе поднесе официјална жалба до УЕФА по прославата на шпанската репрезентација.

Родри за време на прославата на титулата ја отпеа „Гибралтар е шпански“ и на тој начин го начна долгогодишниот спор.

„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“, пее 28-годишниот Родри, што добро се слуша на снимката објавена на порталот на весникот „Марка“, која ја пренесуваат и други шпански медиуми.

Шпанската јавна телевизија (РТВЕ) на својата интернет страница објави дека за време на прославата неколку играчи „во неколку наврати“ пееле за „ шпански Гибралтар“.

Но експресно стигна реакцијата од Британија.„Фудбалскиот сојуз на Гибралтар ќе поднесе официјална жалба до УЕФА по прославата на шпанската репрезентација.

Фудбалскиот сојуз на Гибралтар забележа крајно провокативна и навредлива порака за време на прославата. Нема место за вакво однесување во фудбалот“, се вели во соопштението.

To top