Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот на Хамас на 7 октомври е само дел од планот за напад на Израел и дека целата операција е во режија на Иран.
Нетанјаху во разговор со родители на војници на израелската армија зборуваше за настаните од 7 октомври и рече дека нападот требало да се координира од повеќе правци.
„Откривме дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, едноставно отворил оган прерано. Иран планирал напад од Газа, Либан, Западниот Брег и Јордан. Требало да има симултана копнена инвазија и масовен ракетен истрел. Стотици илјади проектили, ракети и беспилотни летала“, рече Нетанјаху.
Појасни кој, според него, бил планот на Техеран со таа акција.
„Планот не е да се избрише Израел како идеја, туку да се уништи државата Израел, да се освои“, рече Нетанјаху.
Исто така нагласи дека нападот што Иран подоцна го изврши против Израел всушност требало да биде извршен на 7 октомври.