Поранешниот фудбалер и легенда на Ливерпул Џејми Карагер изјави дека знае кој може да го замени досегашниот селектор на Англија Герет Саудгејт.
– Има само еден кандидат кој се издвојува за наследник на Саутгејт. Тоа мора да биде Еди Хау, за мене тој има голема предност во однос на сите останати. Би бил изненаден ако не е така, сите останати се на голема дистанца од него. Хау се потврди себеси како успешен клупски менаџер, прво во Борнмут, а сега врши одлична работа и во Њукасл. Неговите екипи играат офанзивно, а слично како Саутгејт знае добро да се носи и со медиумите, – вели Карагер.