Ѕвездата од Беверли Хилс, Шенон Доерти, почина по деветгодишна борба со ракот. Актерката во интервјуата често зборуваше за својата болест, а нејзините пријатели велат дека чувствувала дека крајот е близу.
Во моментот кога сфатила дека смртта е близу, сакала да и олесни на мајка си, па го продала целиот свој имот, а нејзиниот доктор открил и како изгледале нејзините последни денови и часови.
Онкологот Лоренс Д. Пиро истакна дека Шенон немала болка во последните моменти и била многу мирна. Таа беше придружувана од нејзиното семејство и нејзиното куче Боуви.
-Во последните неколку часа таа беше на многу удобно место, спиеше, опкружена со некои нејзини многу блиски пријатели. Имаше неколку луѓе блиски до неа во собата кои и даваа внимание и поддршка. Беше тмурно и тажно, но убаво и полно со љубов. Најтешкото нешто во врска со ова е што Шенон не беше подготвена да замине бидејќи го сакаше животот, рече докторот, пренесува Пипл.