Фудбалскиот клуб на Барселона сака во своите редови да ги доведе двајцата шпански фудбалски репрезентативци Нико Вилијамс и Микел Мерино.
Играчот за врска на Реал Сосиедад имаше преговори со Арсенал, но доверливиот „Релево“ тврди дека Мерино го одбил англискиот премиерлигаш за да се пресели во Барселона.
Мерино беше херојот на Шпанија на дуелот против домаќинот Германија во четвртфиналето, кога постигна победнички гол во 119.минута.
Ханси Флик инсистира да биде доведен и Мерино ова лето, а Реал Сосиедад за него бара скромни 20 милиони евра, со оглед дека тој влегува во последната година од договорот.
Маката на Барселона е како да обезбеди 58 милиони евра за да ја плати отштетната клаузула на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.