Фудбал

Герет Саутгејт: Чест ми е што играв за Англија и што ја водев Англија

Герет Саутгејт: Чест ми е што играв за Англија и што ја водев Англија

Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија Герет Саутгејт преку официјално писмо објавено на страницата на ФА се збогуваше од соработниците заблагодарувајќи се за укажаната доверба.

„Како горд Англичанец, чест ми е што играв за Англија и што ја водев Англија. Тоа беше се за мене во животот и целосно се вложив самиот себе. Сепак, време е за промена, време е за ново поглавје во животот. Неделното финале со Шпанија беше мој последен меч како селектор“, напиша Саутгејт, па продолжи: Се приклучив на Фудбалската Асоцијација за да го унапредам англискиот фудбал. Во тоа време, вклучувајќи ги и осумте години како селектор, ме поддржуваа брилијантни луѓе кои заслужуваат огромна благодарност. Не може  да посакам подобар човек крај себе од Стив Холанд, тој е еден од најталентираните стручњаци во својата генерација… Имав привилегија да водам голема група играчи на 102 натпревари. Секој од нив беше горд што ги носи трите лава на дресот. Тимот што настапи во Англија беше полн со млади таленти кои можат да го кренат трофејот за кој сите сонувавме. Многу сум горд на нив, се надевам дека сите заедно ќе застанеме зад овие фудбалери и националниот тим и во иднина“.

To top