Поп ѕвездата Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ се договориле за поделба на имотот што го стекнале во брак, а таа моментално престојува на море каде одмара од сите обврски.
Jeлена ги поминува топлите денови уживајќи на море, а со своите следбеници сподели неколку фотографии.
Една од нејзините објави од одморот, набрзо стана вирална на интернет, а станува збор за компилација од фотографии на кои Јелена се гледа без горен дел како седи и се шета на плажа.
Таа носеше само минијатурен долен дел, односно танга, и голема шапка на главата.
Јавноста е навикната на контроверзниот начин на живот на Карлеуша, а не ретко се случува таа да ја разбранува јавноста и со своите изјави и со стајлинг.