Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е пред потпис со големо засилување, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за репрезентативецот на Шпанија, Усман Гаруба кој се враќа назад во Мадрид по три сезони поминати во НБА.
Гаруба потекнува од младинската школа на Реал Марид, а беше дел и од првиот тим од 2018 до 2021 година освојувајќи титула во шпанското првенство, а беше и одбран за ѕвезда во подем во Евролигата во 2021 година.