Фудбалерот на Барселона Ронадл Арухо ќе мора да оди на операција. Деталните медицински прегледи покажаа дека се работи за посериозен проблем поради кој Уругваецот ќе биде во „аут“ неколку месеци.
Араухо се здоби со повреда на бутот за време на четвртфиналето на Уругвај во Копа Америка против Бразил пред една недела, кога беше принуден да излезе од теренот половина час по натпреварот.
Ова е проблем за Барселона бидејќи на Европското првенство се повреди Педри, а од поодамна повреди лекуваат уште Гави и Де Јонг.