Познати

ФОТО: Кејт Мидлтон секоја година на Вимблдон носи моден детаљ кој има скриено значење

ФОТО: Кејт Мидлтон секоја година на Вимблдон носи моден детаљ кој има скриено значење

Секоја година, многу познати личности присуствуваат на тенискиот натпревар во Вимблдон, меѓу кои и принцезата од Велс Кејт Мидлтон.

Кралското семејство е покровител на овој турнир, па поради тоа Кејт се појави на трибините на овогодинешното финале.

Facebook / Wimbledon

Нејзините стилисти детално ги избираат парчињата кои Кејт ги носи на познатото тениско натпреварување, а постраствените фанови на војвотката од Кембриџ сигурно забележале еден моден детаљ што Кејт го носи на Вимблдон од година во година.

Станува збор за зелено-виолетова машна што Кејт ја носи на реверот и е дел од кралскиот додаток, како и симбол на кралското покровителство.

Facebook / Wimbledon (2023)

Како што се утврди, машната не е само симпатичен детал што се вклопува во нејзината гардероба, туку е симбол на покровителството на Кејт над англискиот „Lawn Tennis & Croquet Club“, кој доаѓа од самата кралица.

Facebook / Wimbledon (2022)

Војвотката го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора како голем вљубеник во тенис. Кејт и нејзината сестра Пипа тренирале тенис.

To top