Македонија

Агелер: САД се тука да ја поддржат земјата, а не да се мешаат

Агелер: САД се тука да ја поддржат земјата, а не да се мешаат

САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјава американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за емисијата „200“ на Алсат.

Прашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека станува пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи земјата, таа вели оти се надева дека не мислел на неа.

– Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш наша намера било да ве поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамките на судството, се одлуки само на челниците на оваа земја. Ние не кажуваме кој треба да седне во кој било суд. Ние не кажуваме кој треба да биде член на кој било совет. Дали има широко распространета корупција во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 проценти, тоа е разочаривачки, рече Агелер.

Во врска со уставното име, Агелер кажа дека САД јасно ставиле до знаење дека меѓународните договори мора да се почитуваат за земјата да оди напред. Според неа, дебатата за употребата односно неупотребата на уставното име е дефокусирање од прашањата кои се важни за гласачите.

– Мислам дека премиерот или неговите министри не го сторија тоа. Жално е што претседателката, кога даде заклетва, не го користеше уставното име. Мислам дека видовме дека ова резултираше со тековна дискусија-дали е надвор од претседателството или не, надвор од тој кабинет, што велат изјавите, како изгледаат документите, такви работи. Искрено, ова е одвлекување на вниманието од прашањата што се важни за гласачите во оваа земја, изјави Агелер.

Таа во интервјуто вели дека добила известувања од новата Влада дека договорот на „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите нема да биде раскинат. Што се однесува до американската „црна листа“, таа истакна дека очекува властите да го спроведат законот.

Најнови вести од Македонија

To top