Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20 санкции, 76 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од СВР Скопје.
МВР упати апел до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.