Двајцата наредбодавци на атентатот на претседателскиот кандидат во Еквадор, Фернандо Вилавиченси, во 2023 година, осудени се на 34,8 години затвор, а тројца соучесници се осудени на 12 години затвор.
Според Обвинителството, еден од наредбодавците, Карлос Ангуло, познат како Невидливиот, го координирал убиството од затвор во Еквадор и на друго лице му дал инструкции за атентатот преку видео-конференција, која била снимена на нивните мобилни телефони. Додека Лаура Кастиљо била одговорна за обезбедување на вооружените лица со логистички елементи, вклучувајќи мотоцикли и пари. Тројца соучесници, Ерик Рамирез, Виктор Флорес и Александра Чимбо, биле задолжени за пријавување на движењата на жртвата.
Казните за Ангуло и Кастиљо вклучуваат и парична казна од 460.000 долари и отштета од 100.000 долари на семејството на политичарот. Останатите тројца обвинети се казнети со 156.400 долари и наложено да платат 33.000 долари на семејството.
Вилависенсио беше убиен од вооружени мажи на мотоцикли минатиот август, додека заминуваше од предизборен митинг. Во инцидентот повредени беа 13 лица.
Вкупно 13 лица беа обвинети во тој случај, вклучително и неколку Колумбијци, кои беа убиени по нивното апсење минатиот октомври во затворите во Гвајакил и Кито каде што беа држени за време на истрагата.
За време на изрекување на казната, семејството и пријателите на Вилјависенси демонстрираа во Кито, носејќи негови фотографии и знамиња, барајќи правда и остри казни за сите одговорни. (МИА)