Алек Болдвин се расплака кога ја слушнал одлуката на судијата, ги прегрнал двајцата адвокати, а потоа се свртел да ја прегрне својата сопруга Хиларија која исто така плачела. После тоа, тој влегол во автомобил пред судот во Санта Фе и се оддалечил без да зборува за медиумите.
Судија во САД го прекина судењето за убиство од небрежност на актерот Алек Болдвин на процедурални причини и ја отфрли тужбата, велејќи дека е завршена и дека не може повторно да му се суди.
Судијката Мери Марлоу Сомер ја отфрли тужбата во која се наведува дека полицијата и обвинителството не ги прикриле доказите на одбраната при убиството на директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот на филмот Rust.
View this post on Instagram