Фудбал

Саутгејт: Време е титулата да ја вратиме дома

Саутгејт: Време е титулата да ја вратиме дома

Во пресрет на големото финалето за медиумите зборуваше и селекторот на Англија, Герет Саутгејт кој имаше пофални зборови за Шпанците.

„Шпанија изгледа како фаворит кога ќе погледнеме што успеаја да сторат на овој турнир. Ние сме повторно во финалето и овој пат мораме да победиме. Тоа го посакуваме со децении, а позади нас стојат милиони навивачи кои го чекаат тој момент.

Ривалот е скоро совршен на теренот, а ние мораме да сме тактички совршено подготвени. Мислам дека сме многу близу по квалитет и победникот можат да го решат мали нијанси, секунди и моменти. Ќе биде интересно“, изјави Саутгејт.

To top