Фудбал

Чеферин: Оваа треба да биде одлично финале

Чеферин: Оваа треба да биде одлично финале

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, реализирал интервју за „Тајмс“, а во него зборувал на повеќе теми, вклучувајќи го и претстојното финале на ЕП во Германија.

– За мене е речиси срамно што Герет Саутгејт, најдобриот селектор кој Англија го имала досега, да добива таков третман по натпреварите кои Англичаните не ги ни загубија. Беше навредуван и исмејуван, се надевам, но не очекувам, дека дел од медиумите ќе се извинат за таквото однесување, – рекол Чеферин.

Чеферин потврди дека е импресиониран од играта на Шпанија.

– Ова треба да биде одлично финале. Шпанија играше најдобар фудбал на овој турнир, а Родри и Руиз беа неверојатни. Од друга страна, Англија е силна селекција, мислам дека напредуваа од натпревар во натпревар, – вели првиот човек на УЕФА.

 

To top