Фудбал

Хари Кејн е рекордер на Европските Првенства

Хари Кејн е рекордер на Европските Првенства

Голот на Хари Кејн од пенал беше негов 66-ти за Англија на 97-от настап за националниот тим. Кејн,

Кејн убедливо е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, пред Вејн Руни со 53 гола на 120 и Боби Чарлтон со 49 гола на 106 меча.Напаѓачот и капитенот на Англија со голот против Холандија го собори и рекордот на Европските првенства. Тоа беше негов шести гол во нокаут фазата, што досега на никого не му успеало.

Кејн постигна четири гола во нокаут фазата на ЕП 2021 и два на ЕП 2024. Тој го собори рекордот на Французинот Антоан Гризман, кој има дадено пет гола, сите на ЕП 2016. Зад нив се четворица играчи кои постигнале по четири гола во нокаут фазата на ЕП.

Тоа се Герд Милер, кој ги постигна за Западна Германија во 1972 година, потоа Дитер Мулер, за З. Германија 1976, Нуно Гомеш, кој постигна три гола на ЕП 2000 и еден на ЕП 2008-та, како и Драган Џаиќ, кој даде по два гола за Југославија на ЕП 1968 и 1976 година.

To top