Состојки:
3,4 средни компири
100 гр интегрално брашно
120 ml вода
1 лажичка масло
сол, бибер
рузмарин
Пармезан, по желба
Подготовка:
За да ги направите овие палачинки, прво измешајте ги брашното, солта, рузмаринот, водата и маслото во сад. Додадете ги ренданите компири и повторно измешајте. Се пржат на загреана тава со малку масло од двете страни до златно кафеава боја. Уживајте!