Македонија

Николоски: Доставив три предмети до надлежните органи за кои постои сомнеж за сторен криминал со незаконско трошење на народните пари

Николоски: Доставив три предмети до надлежните органи за кои постои сомнеж за сторен криминал со незаконско трошење на народните пари

Јаното обвинителство да биде поефикасно и очекувам да постапи по информациите содржани во ревизорскиот извештај. Јас лично доставив три предмети за кои сметам дека постои сомнеж за сторен криминал и очекувам Обвинителството да отвори постапки за нив, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.

Тој потенцираше дека два од трите доставени предмети директно се поврзани со наводите кои беа објавени од страна на Државната ревизија во извештајот за реализација на капиталните проекти.

“И претходнo имавме индиции за можен криминал со буџетските пари. Но еве сомнежот го потврдуваат наводите на Државниот завод за ревизија во извештaјoт за реализација на капиталните инвестиции. Затоа и го повикав Министервото за внатрешни работи, а веќе доставив и три предмети од кои два директно се поврзани со информациите што ги објави државната ревизија. И затоа очекувам Обвинителството да биде поефикасно и веднаш да отвори постапка за нив” објасни министерот Николоски.

Во однос на изградбата на автопатската делница Кичево –Охрид тој истакна дека се детектирани три главни проблеми и тоа експропријацијата на земјиштето која сеуште не е завршена, нерешените имотно правни работи со неколку бензински пумпи и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.

„Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрид, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации“, истакна министерот Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top