Фудбал

Андонова: Повторно сите сме обединети и размислуваме победнички

Андонова: Повторно сите сме обединети и размислуваме победнички

Македонската женска фудбалска репрезентација утре ја печекува Летонија во Скопје, во рамките од квалификациите за Европското првенство следната година во Швајцарија, а нашиот национален тим верува во успех. Капитенот Наташа Андонова ја потврди обединетоста на националниот тим.

„Нормално дека постои притисок пред утрешниот натпревар, но тој е позитивен. Имаме одлична атмосфера во репрезентација и по подолго време повторно сме сите заедно обединети, функционираме како еден тим и размислуваме победнички. Имавме одлични услови во претходниот период и се подготвивме на најдобар можен начин за овој меч. Имавме одличен тренинг камп во Банско и подготвени го дочекуваме утрешниот меч”, изјави капитенот и нашиот најдобар играч, Наташа Андонова.

To top