Македонија

Муцунски на свечена вечера организирана од Блинкен

Муцунски на свечена вечера организирана од Блинкен

Во рамки на посетата на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на свечена вечера чиј домаќин беше државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Станува збор за настан организиран за министрите за надворешни работи на НАТО сојузниците и партнерските земји.

-Вечерата која се одржа во библиотеката на Конгресот беше значајна можност за зајакнување на билатералните односи и дискусија за актуелни глобални и регионални прашања и уште една потврда за нашата посветеност кон градење на силно и стабилно партнерство со САД, истакна Муцунски.

To top