Фудбал

Колумбија го победи Уругвај и по 23. години ќе се бори за пехарот на Копа Америка

Колумбија го победи Уругвај и по 23. години ќе се бори за пехарот на Копа Америка

Репрезентацијата на Колумбија го победи  Уругвај  со 1-0 во полуфиналето на Копа Америка и со тоа закажа меч за титулата против Аргентина на 15 јули од 2 часот по полноќ.

На крајот се покажа како пресудна ситуацијата од 39 минута кога Лерма на асистенција на капитенот Родригез ја смести топката во мрежата на поранешниот светски шампион.

Популарните „Лос Кафетерос“ се во страшна серија, немаа ниту еден пораз од 2022 година кога загубија од Аргентина, нивниот следен ривал што е дефинитивно најава за вистински спектакл во финалето.

To top