На денешната редовна седница Советот на општина Гази Баба го избра советникот Сашо Кукески од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”, информираат од општината.
Советникот Кукески е жител на населбата Хиподром, истиот е магистер по економски науки, оженет и е татко на две деца.
По завршување на седницата на Советот, градоначалникот Бобан Стефковски ја оддржа првата средба со новиот претседател на Советот Сашо Кукески.
Новиот претседател Сашо Кукески е избран откако на претходната претседателка на Советот Дијана Илиевска и престана мандатот Советник во Советот на општина Гази Баба, бидејќи истата беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија по изборот на новата Влада.