Селекторот Дидие Дешамп долго време одговараше на прашањата на француските новинари по елиминацијата од Шпанија.
Првото беше – што се случи со Мбапе и Гризман, па беа на толку ниско ниво?
„Не сакам да ја префрлам одговорноста на едните или на другите. Нивниот крај на сезоната беше тежок, Килијан имаше скршен нос. И со овој квалитет стигнавме до полуфинале, но против Шпанија моравме да бидеме најдобри. На крајот бевме под нивото“, изјави Дешам.
Имате уште две години договор, дали сакате да останете како селектор на Франција?
„Прашајте го „мојот“ претседател…Само што го загубивме полуфиналето. Денеска нема да одговорам, а вие добро знаете што мисли „мојот“ претседател“, порача предводникот на „триколорите“.