Македонија

Митева: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно работеше на привлекување на инвеститори и за тоа како да имаме брзи резултати во интерес на граѓаните

Митева: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно работеше на привлекување на инвеститори и за тоа како да имаме брзи резултати во интерес на граѓаните

„Ние како опозиција зборувавме дека активно работиме на привлекување на инвеститори, дека сме свесни за тоа каков ќе е исходот од изборите, ги покажувавме нашите анкети со кои ги гледавме резултатите во која насока се движат. Размислувавме за тоа како да имаме брзи резултати свесни за тоа во каква кондиција е буџетот и сите останати институциите“, истакна пратеничката, член на ИК и портпарол на ВМРО-ДМНЕ Марија Митева во гостување во поткаст „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски“ на Канал 5 ТВ.

Таа укажа дека не е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинката во Бутел.

„Не сметам дека е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинка во Бутел која била од граѓаните на Бутел чекана со години. Секој проект има почеток и крај, почеток е поставувањето на камен темелникот, а крајот е конечната изградба на градинката“, вели Митева.

Таа посочи дека состојбите ќе почнат да се помрднуваат кога јавноста ќе ја види разликата на вистинско делување со брзи резултати.

Митева во однос на разрешувањето на Советот на јавни обвинители и Судски совет истакна:

„Зошто наместо да се одговори со не се согласуваме со мерката која вие ја ставивте во предизборието во програмата за што добивте поддршка од граѓаните и за што многу ја зборувавме и сега наеднаш да се каже не се согласуваме со тоа. Зошто не излезе препорака од таа јавна дебата во која ќе се рече дека цениме дека ваквиот начин можеби е погрешен затоа што се задира во автономноста на одлучување, но како луѓе кои сакаме да ги промениме околностите во рамки на обвинителството ние изнајдовме предлог решение кое ќе го доставиме до Влада и цениме дека со должно внимание треба да го разгледаат“, децидна е Митева.

Најнови вести од Македонија

To top