Скопје ФОТО

Костовски: За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои, состојбата со сметот е алармантна

Костовски: За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои, состојбата со сметот е алармантна

За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои, велат од општината.

-Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел.
Сликите се заштрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата.
Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните!
Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните, подвлекува градоначалникот Дарко Костовски.

Најнови вести од Скопје

To top