Македонија

Мицкоски од Вашингтон: Македонија влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти

Мицкоски од Вашингтон: Македонија влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски продолжуваат со билатералните средби со високи американски претставници во Вашингтон.

-Вчера заедно со делегацијата од владата, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши остваривме средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама. На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите американски држави. Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Македонија влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња. Воедно една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка за Македонија, како силен пријател и сојузник на САД, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски најави и уште една нова инвестиција.

-Компанијата Вабтек одлучи да го зголеми своето производно портфолио со уште една дополнителна инвестиција која што ќе биде во Технолошко индустриско развојната зона Скопје, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски од Вашингтон по средбата со Грег Сброко, извршен потпретседател на американската компанија Вабтек.

Премиерот Мицкоски истакна дека инвестицијата ќе биде 35 милиони евра и станува збор за нови повеќе од стотина работни места.

Тоа значи дека ќе имаме зголемен извоз, тоа значи дека ќе имаме позитивно влијание врз Бруто домашниот производ. Она што претставува главна обврска, фокус и посветеност на оваа влада е економијата и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата на овој начин сака да покаже дека практично ја менува климата во земјава, нешто коешто досега беше навистина збунувачки како за граѓаните, така и за домашните и странските инвеститори.

Компанијата Вабтек ќе го има мојот личен фокус, очекувам дека оваа инвестиција ќе биде многу скоро завршена и дека не само оваа инвестиција ќе можеме да додадеме уште некоја нова инвестиција којашто ќе дојде од компанијата Вабтек, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски на крај потенцираше дека Владата покажува дека државата се сака со дела и оваа инвестиција е добра вест за македонските граѓани и добра вест за македонската економија.

Извршниот потпретседател на Вабтек истакна дека со премиерот Мицкоски се разговарало не само за проширување на производството на Вабтек во земјава, туку и повеќе можности како на компанијата така и за Република Северна Македонија.

Инвестицијата ќе биде колку 35 милиони евра и околу 100 работни места која ќе биде во околината на Скопје, изјави Грег Сброко, извршен потпретседател на Сброко.

Најнови вести од Македонија

To top