Фудбал франција

Дембеле: Ако не ви се допаѓа како игра Франција, тоа е ваш проблем!

Француската фудбалска репрезентација по четврти пат се пласираше во полуфиналето на последните пет големи турнири, но не стивнуваат критиките за играта на избраниците на Дидие Дешамп.

Франција на последните две светски првенства освои злато (2018) и сребро (2022), а го освои и среброто на ЕП во 2016 година, додека на последното ЕП беше елиминирана во осминафиналето.

Во Германија повторно стигна до полуфиналето каде во вторник во Минхен ќе игра против Шпанија. Франција во полуфиналето во Германија се пласира со само три гола на пет натпревари, од кои еден го постигна Килијан Мбапе од пенал, а два беа автоголови.

Ако не ви се допаѓа како играме, тоа е ваш проблем“, изјави францускиот крилен напаѓач Усман Дембеле, кој смета дека не е се така негативно. Создаваме шанси, но не можеме да ги реализираме. Тоа е позитивното, додаде играчот на ПСЖ.

Следен француски противник е Шпанија, која на патот до полуфиналето забележа четири победи во рок од 90 минути и една по продолжение со гол разлика 11-2.

To top