Македонија николоски објавува

ЗА ПОЕВТИНУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ: Владата ја разгледува можноста за трет мобилен оператор

Николоски истакнува дека анализата која ја направиле покажала дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји.

ЗА ПОЕВТИНУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ: Владата ја разгледува можноста за трет мобилен оператор

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски информира дека сериозно ја разгледуваат можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор во земјава.

Николоски истакнува дека анализата која ја направиле покажала дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји.

-На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар, вели Николоски.

Нагласува дека време е државата да прави за граѓаните.

Најнови вести од Македонија

To top