Според нас, само со единство може да се постигне праведен мир во Украина, изјави денеска портпаролот на Европска комисија по повод посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва.
Тој додаде дека посетата на Орбан не бил договорена и оти тој не бил овластен да ја претставува Европска Унија, иако неговата земја го презеде претседавањето со Советот на ЕУ на 1 јули.
– Сите ние во ЕУ сакаме мир. За дискусија за решение е потребно учество на Украина. Најдобро решение е руските трупи да се повлечат од Украина. Претседателството не ја претставува ЕУ во надворешните односи. Европската политика е многу јасна и е поддржана од сите европски институции, посочи портпаролот на ЕК.