Познати

ВИДЕО: ДЛАБОКО ДЕКОЛТЕ И БЛЕСКАВ ФУСТАН – Бијонсе доби восочна фигура во француски музеј, но не личи на неа

Инаку, и во Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, Велика Британија, исто така има восочна фигура на познатата пејачка, но и оваа статуа се соочи и со критики поради „светлата кожа“. Музејот во овој објаснуваше дека е виновно осветлувањето во културната установа.

ВИДЕО: ДЛАБОКО ДЕКОЛТЕ И БЛЕСКАВ ФУСТАН – Бијонсе доби восочна фигура во француски музеј, но не личи на неа

Американската пејачка Бијонсе доби восочна фигура во францускиот Музеј „Гревин“ (Grévin) во Париз. Нејзината „двојничка“ е во природна големина, облечена во блескав фустан со длабоко деколте.

Но, под видеото на официјалната страница на музејот се појавија коментари на обожаватели кои велат дека восочната фигура воопшто не личи на Бијонсе.

„Дали е ова шега?“, „Дали некогаш сте виделе како изгледа Бијонсе?“, „Ова е навистина лошо“, „Таа воопшто не личи на Бијонсе“, „Која е оваа жена?“, „Сосем погрешно“, „Која е оваа, по ѓаволите!?“ – се некои од коментарите.

Инаку, и во Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, Велика Британија, исто така има восочна фигура на познатата пејачка, но и оваа статуа се соочи и со критики поради „светлата кожа“. Музејот во овој објаснуваше дека е виновно осветлувањето во културната установа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grévin Paris (@grevin_paris)

To top