Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Москва како дел од „мировна мисија“, изјави неговиот портпарол Берталан Хаваси.
Се очекува за време на престојот во Москва Орбан да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Хаваси за унгарски медиуми.
Посетата на Орбан на Москва се остварува по ненадејната посета на Киев на 2 јули, каде што се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.