Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Ј.(39) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 25.05.2024 во угостителски објект во Крива Паланка, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал М.Р., при што со стаклен предмет му нанел телесна повреда.