Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.А.(43) од с.Озормиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот во јули 2023 година, поради претходни меѓусебни недоразбирања, им упатувал сериозни закани на неговата сопруга и членови на нејзиното семејство.